
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градежните активности за изградба на водоводна и канализациона мрежа во село Лавци и Брусничко лавчанската населба се во полн ек, а со реализација на оваа инвестиција од 20 милиони денари, се решава еден од најголемите проблеми на жителите, кои ќе добијат квалитетно водоснабдување и ќе се поврзат на градската канализациона мрежа.
Дефектот на водоводната цевка во населбата Горно Оризари ќе се санира утре рано изутрина, бидејеќи екипите на ЈКП „Водовод“ -Битола во овој момент немаат пристап до местото каде водоводниот систем е оштетен. Од ЈКП „Водовод“-Битола им се извинуваат на жителите на оваа населба со обврска утре уште рано наутро да започнат со санација на проблемот.
Градот Битола и 19 селски населби кои со вода за пиење се снабдуваат од ЈП „Водовод“-Битола користат безбедна вода за пиење, ова го покажува анализатата за 2017 година од Центарот за јавно здравје во Битола. Додека, пак, битолските села кои користат вода од селските водоводи пијат небезбедна вода.
Јавното комуналано претпријатие „Водовод“ од Битола им соопштува на сите правни и физички лица корисници на нивните услуги дека по Првомајскиот празник, поточно од втори мај година, работното време ќе им биде од 7 часот на утро до 15 часот попладне.
Јавното претпријатие „Водовод“ ги известува жителите во комплескот згради Стара Болница на улицата „Климент Охридски“ и куќите на улицата „ Стив Наумов“ дека утре 3.04.2018 година, ќе има 4 часовен прекин во водоснабдувањето на корисниците и тоа во периодот од 9 до 13 часот, поради работа на екипте на Јп „Водовод“ на отсранување на дефект во водоводната мрежа.
