2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се гради водоводна и канализациона мрежа во село Лавци и Брусничко лавчанскиот реон

Август 03, 2018

Градежните активности за изградба на водоводна и канализациона мрежа во село Лавци и Брусничко лавчанската населба се во полн ек, а со реализација на оваа инвестиција од 20 милиони денари,  се решава еден од најголемите проблеми на жителите, кои ќе добијат квалитетно водоснабдување и ќе се поврзат на градската канализациона мрежа.

Должината на канализационата мрежа која ја гради КЈП „Нискоградба“ е 1200 метри, а го поврзува делот од Брусничко – лавчанскиот реон, до центарот на селото Лавци. Овој проект, кој ќе овозможи поврзување на овој дел на Општина Битола со градската канализациона мрежа, е во вредност од 11.000.000 денари.

Изградбата на нов водовод ја реализира ЈП „Водовод“ во должина од 390 метри со вкупна инвестиција од 1.520.000 денари. Со овој проект, на жителите во БЛР 4, ќе им се обезбеди приклучување на градскиот водовод и квалитетно водоснабдување.

Проектите ги реализира Општина Битола, а работите ги изведуваат ЈП „Водовод“ и КЈП „Нискоградба“. 

За комплетна реализација на проектот и решавање на сите инфраструктурни проблеми на жителите во село Лавци, вклучени се и градежни фирми со други инфраструктурни зафати. „Жикол“ Струмица работи на изградба на разводната мрежа низ селото, во вкупна вредност од 2.826.296 денари, додека „БВ Инжинеринг“ со инвестиција од 4.500.000 милиони денари го гради резервоарот за с.Лавци и ќе изврши реконструкција на коловозот од Брусничко-лавчанскиот реон 4 до с.Лавци.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани