АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Обвинителката Ж.К.Б. вчера била нападната на работното место во Основното јавно обвинителство во Битола. Инцидентот се случи околу 14 часот, кога странка почнала агресивно да се однесува поради недоразбирање околу сведочење, при што го искинала предметот и ја повредила обвинителката, информираат од битолската Полиција. Судската полиција интервенирала и жената која ја нападна обвинителката е отстранете од просториите на Обвинителството, а против неа ќе биде поднесена соодевтена пријава.
Битолската градоначалничка Наташа Петровска била повикана и денес дала исказ во Јавното обвинителството за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека вчера го повикале градоначалникот на Општина Карпош, а денес и Петровска да дадат исказ бидејќи се смета дека можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот.