2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обвинителка нападната во просториите на Обвинителството во Битола

Јануари 14, 2022

Обвинителката Ж.К.Б. вчера била нападната на работното место во Основното јавно обвинителство во Битола. Инцидентот се случи околу 14 часот, кога странка почнала агресивно да се однесува поради недоразбирање околу сведочење, при што го искинала предметот и ја повредила обвинителката, информираат од битолската Полиција. Судската полиција интервенирала и жената која ја нападна обвинителката е отстранете од просториите на Обвинителството, а против неа ќе биде поднесена соодевтена пријава.

Во продолжение и соопштението од СВР Битола.

На 13.01.2022 во СВР – Битола Ж.К.Б., вработена како Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Битола пријавила дека околу 14.00 часот, додека била на работното место, по претходно недоразбирање со С.К. околу записник за дадено сведоштво, С.К. почнала агресивно да се однесува и во обид да го одземе предметот, го искинала и ја повредила Ж.К.Б.. С.К. од страна на полициски службеници од Основен суд е отстранета од просториите на обвинителството. Се работи на расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани