Денеска на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола, по добиена судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на З.Т.(58) од Битола, поради сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, по чл.396 од Кривичниот законик.
При претресот биле пронајдени и одземени 4.274 петарди и распрскувачки материи, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.