АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По повод Меѓународниот ден на стари лица, Здружението на пензионери од Битола покрена иницијатива за вклучување на неговите членови во поуспешно користење на библиотечниот фонд во НУ Универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“. Претседателот на Здружението Томе Димитровски и директорот на Библиотеката м-р Бојан Стефановски потпишаа меморандум за соработка со цел реализација на заеднички проекти и активности од двостран интерес.
Членовите на Здружението на пензионери можат да ја користат привилегијата за повластена цена за годишна членарина во износ од 150 денари за користење на литература. За таа цел Библиотеката ќе ги стави на располагање просторот и салите за промоции по повластени цени, како и користење на читални и услуги од Одделот за периодика. За поуспешно запознавање на членовите на Извршниот одбор на Здружението на пензинери свои излагања имаа Јелана Петровска и Лидија Мицевска. На денешната средба се разгледаа и можностите како пензионерите поуспешно да го користат библиотечниот фонд на „Св. Климент Охридски“.
Некогаш битолчани зборувале еврејски, француски, грчки, турски и секако македонски јазик, а денешните генерации од мали нозе изучуваат англиски, француски и германски јазик напоредно до мајчиниот. Токму на 26 септември, Денот на европските јазици, во просториите на НУ универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, денес, се чуја говори на различни јазици.
Тешко е да се балансира со буџетот што го имаме зашто патувајќи низ Македонија слушам за успеси, но има и поплаки. Целата на посетата е да се увиди каде се направени пропусти и да не ни се повторуваат големите грешки од минатото, рече министерот за култура Хусни Исмаили кој денес ги посети установите од културата во Битола.