2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Космополитскиот дух на битолската Библиотека

Септември 26, 2019

Некогаш битолчани зборувале еврејски, француски, грчки, турски и секако македонски јазик, а денешните генерации од мали нозе изучуваат англиски, француски и германски јазик напоредно до мајчиниот. Токму на 26 септември, Денот на европските јазици, во просториите на НУ универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, денес, се чуја говори на различни јазици.

 

Во битолскиот храм на книгата ученици од Фрнцуската алијанса, училиштето  за странски јазици „ Rosetta Stone“, ОУ „Гоце Делчев“ од Битола и „Сумнал“ – Здружение за развој на ромската заедница заеднички  го одбележаа  Европскиот ден на јазиците. Учениците презентираа содржини на најразлични јазици дружејќи се, притоа илустрирајќи го значењето на изучувањето јазици, промовирајќи ги толеранција и соживот.

„И ние се вклучивме како национална установа во одбележување на 26 септември, Денот на европските јазици. Со низа на настани кои се одбележуваат во целиот свет ќе дадеме и свој придонес да поттикнеме голем број граѓани во изувчувањето на странските јазици бидејќи силата на разноликоста е во изучувањето на јазиците. Воедно и издавачката куќа Топер ни даде над 100 нови изданија наменети за нашите најмлади читатели. Во Библиотеката имаме книги на англиски, германски, француски, албански, српски и многу други јазици“, изјави директорот Бојан Стефановски.biblio 7

Директорката на Француската алијанса во Битола Каролина Потеле Златевска рече дека годишно по 150 ученици се пријавуват кај нив за да го изучуваат францускиот јазик.

„Го претставивме францускиот ајзик, веќе неколку дена работевме со нашите ученици , подготвувавме плакати, работевме на тоа каде се зборува францускиот јазик како светски јазик, како еден од првите јазици распространети во огранизацијата на ОН. Децата прочитаа текстови на француски јазик, а и оние кои не знаеја се запознаа со по некои зборчиња. Француската алијанса в година ќе слави 20 години постоење, кај нас се учи, се полагаат меѓународно признати испити и на културно поле сме многу присутни. Има интерес, а и од Гимназијата Јосип Броз Тито имаше многу размени на ученици со Франција“, рече Потеле Златевска.biblio2

Дијана Монтеро управител на училиштето  за странски јазици „ Rosetta Stone“ рече дека расте бројот на деца кои од предучилишна возраст учат странски јазици.

„Во нашето училиште имаме ученици кои се запишуваат уште од предучилишна возраст и сметаме дека е од големо значење изучувањето на странски јазици. Колку порано децата се запишуваат да изучуваат странски јазик, толку побрзо и полесно е совладувањето на јазикот“, рече Монтеро.

Европа ја има таа среќа да ужива во богата разновидност на јазик и култури со 200 европски јазици, 24 официјални јазици на ЕУ и   околу 60 регионални или малцински јазици.biblio4

biblio3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани