2win800x200

Горан Милевски лидерот на Либерално-демократската партија на Македонија во Битола на денешната трибина „Размислувај различно-либерално кон Европа“ упати силни пораки за Битола отворајќи ги проблемите кои го тиштат  градот при тоа нудејќи и решенија како партија и од позиција на министер за локална самоуправа.

Загадениот воздух

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски уверува дека нема да се гради депонија за  Југозападниот регион во Битола. Тој потврдува дека за ова прашање кое денеска внесе вознемиреност меѓу битолчани разговарал и добил потврда  од премиерот Зоран Заев.

Со оглед на бројот на пратеници што ЛДП го има во македонскиот Парламент, ние можеме само да иницираме постапки за промени на изборниот модел, изјави денеска во Битола претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски. Тој  посочи дека во партијата  анализираат за промени и во начинот на учество во процесот на гласање и гласање на македонските иселеници во дијаспората.

Европската Унија до 2020 година обезбеди 45,5 милиони евра за финaнсирање на проекти во пограничниот регион на нашата држава и Грција помеѓу општините од двете страни, нво секторот и граѓаните, изјави министерот за локална самоуправа Горан Милевски на денешната прослава на Европски ден на соработка во Битола.

Споменикот на Филип Втори во Битола нема да се отстранува туку  ќе се обележи дека тоа е споменик од античкиот период, од еленистичкиот период.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани