2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Милевски: Ако нема 50.000 гласачи дијаспората воопшто да не гласа

Ноември 04, 2019

Со оглед на бројот на пратеници што ЛДП го има во македонскиот Парламент, ние можеме само да иницираме постапки за промени на изборниот модел, изјави денеска во Битола претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски. Тој  посочи дека во партијата  анализираат за промени и во начинот на учество во процесот на гласање и гласање на македонските иселеници во дијаспората.

-Ние во ЛДП анализираме како да се заштедат средства при гласањето на дијаспората и нашиот предлог е доколку не се пријават 50.000 иселеници за да гласаат на изборите, тогаш гласањето во дијаспората воопшто да не се реализира бидејќи познато е дека трошиме милиони евра за гласање на дијаспората, а таму одзивот е многу мал и неможат да изберат пратеник од дијаспората. Ние не сакаме да се укине правото на дијаспората да гласа, но доколку се постигне одреден цензус на пријавени за гласање, тогаш тоа да се реализира. Сметаме дека е нелогично да испраќаме лица за следење на процесот на гласање и гласачките кутии во Кина, Америка, Австралија…, а притоа да не се изберат пратеници од тие места. Ние апелираме и ќе вршиме притисок преку јавноста за промена на изборниот модел, односно избори во една изборна единица и начин на гласање на дијаспората. 

Владеачката коалиција е спремна за вакви измени, бидејќи во предизборната програма имавме воведено една изборна единица и оторени листи, но за таа работа потребен е консензус од сите политички партии како од македонскиот, така и од алабнскиот блок. Според моите информациии ВМРО-ДПМНЕ се уште немаат одгвор за  тоа  дали прифаќа една изборна единица. Кај  владеачко мнозинство има расположение таа работа да се истера до крај. Кај албанскиот блок поделени се ставовите, но доколку има согласност тоа не значи дека промента на изборниот модел ќе важи за овие избори. Подготвени сме промените  да важат  за следните парламентарни, избори после овие априлски, но политичката клима и расположение да се искористат  за да се најават некои промени кои долгорочно би се  реализирале, рече Милевски. 

Е.М.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани