АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Делегација од Косово беше во работна посета на Јавното претпријатие „Стрежево“ во Битола. Во делегацијата имаше претставник од министерството за земјоделие на Косово, директорите на хидро системите Ибер - Лепенец и Радоњичи - Дукаџини и регионални преставници на Светска банка.
„Целта на нивната посета на Хидро системот ‘Стрежево’ е размена на работни искуства и стекнување на знаења за функционирањето на динамичката регулација, деталната цевководна мрежа, повеќе наменското искористување на водата ( наводнување, производство на електрична енергија, одгледување на пастрмка) и примена на наши искуства кај нивните хидро системи“, рече директорот Менде Граматковски.
Пред стартот на летото, во вештачката акумулација „Стрежево“ собрани се 105 милиони метри кубни вода што е рекорд во последните години. Јавното претпријатие „Стрежево“ кое стопанисува со акумулацијата, подготвено ја дочека сезоната за наводнување на земјоделските површини во Пелагонија, а без проблем ќе обезбеди и вода за индустриските капацитети и за водокорисниците од градот преку лето доколку Водовод има недостиг на вода од сопствените извори.