2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ликовните уметници и младите ликовни таленти од Москва, Русија, деновиве беа пријатно изненадени од богатството и квалитетот на детски ликовни творби што Малиот битолски Монмартр ги изложи кај нив во националната библиотеката Доброљубов.

Изложбата на битолскиот Монмартр беше отворена во петокот и ќе трае до први октомври. Таму покрај тоа што можат да се видат стотици квалитетни детски цртежи, се одржаа и часови за сликање со акварел техника на кои учествуваа млади ликовни таленти од Битола и Москва.

Матеја Стефановска, Марија  Марковска и Ангела  Каранфиловска  се младите ликовни амбасадори на малиот  битолски Монмартр, кои денеска ги добија наградите за своите ликовни дела од учеството на  Меѓународниот детски ликовен натпревар "Лидице 2017" во Чешка.  Дипломите и наградите лично им ги донесе  амбасадорот на Република Чешка во нашата држава, неговата екселенција Мирослав Томан.

Страница 2 од 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани