АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ликовните уметници и младите ликовни таленти од Москва, Русија, деновиве беа пријатно изненадени од богатството и квалитетот на детски ликовни творби што Малиот битолски Монмартр ги изложи кај нив во националната библиотеката Доброљубов.
Изложбата на битолскиот Монмартр беше отворена во петокот и ќе трае до први октомври. Таму покрај тоа што можат да се видат стотици квалитетни детски цртежи, се одржаа и часови за сликање со акварел техника на кои учествуваа млади ликовни таленти од Битола и Москва.
Македонската делегација ја предводеше Елена Хаџи Антонова, со членовите на Студиото: Андреа Коруноска, Илина Ѓорегиевска и Елиза Хенту.
Изложбата ќе биде преземена од Детскиот ликовен центар Неменски, а исто ќе биде изложена и во Академијата за акварел „Андријаки“ во Москва.