2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се чистеа диви депонии во Битола и се упати апел битолчани да не го носат и фрлаат ѓубрето на Бајрот

Септември 15, 2018

Ќе упатам апел до сите граѓани од Битола да не фрлаат во населбата Баир оти има битолчанин кои доаѓаат во нашата населба, носат ѓубре и го фрлаат тука. Истовремено апелирам и до жителите на Бајрот да не ја загадуваат животната средина оти тука живееме, порача Самедин Канановски од Здружението на Ромите од Битола.

Месното население од битолскиот Баир, други битолчани, општинското раководство, членови на Советот, директори на јавните претрпијатија „Комуналец“, „Водовод“, „Нискоградба“, „Стрежево“и други вработани денес се вклучија во еко акцијата за чистење на диви депонии во Битола со што се одбележа Светскиот ден на чистењето. Се чистеше кај ободниот канал во населбата Баир и во село Брусник.

Градоначалничката Наташа Петровска порача дека никогаш никој не може доволно да исчисти ако останатите валкаат.

 

„Имаме убава животна средина, но овие слики покажуваат дека не сме се грижеле и не се грижиме онака како што треба, зборувам генерално како општество и граѓани. ЈП Комуналец си ги изведува своите редовни активности околу одржување на чистотата , меѓутоа денес Светиот ден на чистењето сакаме да го одбележиме со една помасовна во која активно учество зеде и месното население од овој дел на градот, советниците и јавните претпријатија. Во идниа мора да направиме многу повеќе за подигнување на јавната свест и како граѓани сите заедно да си ја зачуваме животната средина“, рече Петровска.41776448 247298955971430 2819347709985554432 n

Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски рече дека во континуитет течи акцијата за подигање на гломазен отпад од домаќинствата кои ќе пријават, а сепак има случаи граѓани да се ослободуваат од мебел и друг елекстронски отпад во природа.

„Ние како јавно претпријатие со поддршка на останатите ЈП Водовод, Нискоградба, Стрежево се обидуваме со механизацијата и нашите вработени да исчистиме повеќе. Денес покрај нашата редовна активност за чистење депонии, ние се одлучивме да исчистие уште две локации. Кај ободниот канал има една голема депонија, а се изведува и чистење на диви депонии кај село Брусник каде е вклучено и месното население. Со тоа покажуваат високо ниво на свесност кога ни се приклучуваат на нашите активности“, рече Богоевски41772921 242410573115875 1249430845677109248 n

41851228 281373479365046 1713939414234693632 n

41930294 1835246366525007 1134056127047139328 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани