АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите на крушевското село Бучин се револтирани од несовесното однесување на нивните соселани кои постојано, на исто место, во близнина на куќите, создаваат диви депонии. Бучинци реагираат затоа што се загадува животната средина, се шири неподнослива реа, а децата играат и растата во такво опкружување и покрај природната убавина и чистиот воздух во нивното село. Во повеќе наврати пријавувале до надлежните институции, но, велат, нема резултати.
-После неколку неуспешни обиди за подигање на свеста кај некои жители преку локалната власт и комуналното претпријатие на Општина Крушево за соодветно третирање на отпадот, ние револтираните жители на село Бучин, Општина Крушево, апелираме за брзо решавање на овој проблем преку институците на локалната самоуправа. Апелираме исто така до нашите соселани посовесно да гледат на овој проблем за зачувување на околината во која сите живееме и го дишеме воздухот, велат жители на Бучин за апла.мк.
За да ја зачуваат околината од несовесните жители на Бучин, кои постојано, на исто место прават депонија, подготвни се и на порадикални мерки за решавање на овој проблем.
Е.М.