АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, на 31 март ќе ја слушне првостепената пресуда за случајот „Транспортер“, предмет кој го отвори поранешното СЈО.
Судијката Добрила Кацарска за овој термин ја закажа пресудата за случајот кој изминатиот период беше во завршна фаза со дадени завршни зборови.
Во „Транспортер“, покрај Талески, обвинети се и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра, пренесува, фактор.мк.