АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ОУ„Гоце Делчев“-Битола стартува со волонтерската акција во оплеменување на училишниот двор со цртање мурал, финансирана од Буџетот на Општина Битола. Целата е реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтерството и организирање на волонтерски акции преку Советот за волонтерство при општина Битола.
Симболиката на муралот е во единството на различностите, кое го градиме преку толеранцијата, комуникацијата, меѓусебното почитување и соработката, со што создаваме позитивна работна клима како поттик за високи резултати. Не е важно само што правиме, туку заедно да правиме нешто од заеднички интерес-за сите, велат волонтерите вклучени во акцијата.
Другарството, љубовта, соживотот да бидат наш секојдневен патоказ. Ние како училиште ги поддржуваме ваквите активности се со цел продлабочување на соработката со локалната самоуправа и невладиниот сектор, велат од училиштето.
-Голема благодарност до градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, до Совет за волонтерство при општина Битола, до Здружение на активисти за ефективна интеграција на граѓанското општество – Заедничка алтернатива Битола, до претседателот на здружението г-ѓа Мирјана Алексовска, до наставниците, учениците под менторство на ликовниот педагог Кристина Стојанова, родителите и вработените во училиштето кои максимално и безрезервно учествуваа во оваа волонтерска акција, изјави Биљана Стојковска, директор на ОУ „Гоце Делчев“-Битола.
Ученици, наставници и вработени од ОУ„Гоце Делчев“-Битола како и претставници од Халк банка денеска засадија нови садници на зелените површини во дворот на училиштето, донација од банката. ОУ„ Гоце Делчев“ – Битола се вклучи во проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. Тоа е ЕКО училиште со статус Зелено знаме што е највисоко признание во еко мрежата, со кое може да се стекне едно училиште, велат од училиштето.
На 40. издание на Фестивалот за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“, Антониа Цветаноска, ученичка во VII одделение во ОУ „Гоце Делчев“ - Битола, освои награда за најуспешна поетска творба. Нејзин ментор е професор Емилија Прчкова. Фестивалот традиционално се одржа во Детското одморалиште „Радости" - Охрид, а наградите ги додели познатиот писател Горјан Петревски.
Нова внатрешна столарија, 8 врати во тоалетите, 11 врати во училниците, како и надворешната влезна врата се дел од градежните зафати кои се одвиваа во една од зградите на основното училишта „Гоце Делчев“ во Битола. Покрај столаријата, во активностите кои беа преземени со цел да се подобрат условите за престој на учениците, во училниците на површина од 275 квадратни метри е поставен епоксиден под. Исто така, реновирањето ги опфати и санитарните јазли во тоалетите, водоводната инсталација, дел од ѕидовите се поплочени со керамички плочки, а тоалетите комплетно се опремени со нова санитарна опрема.
За овој проект Општина Битола издвои околу 129.000 денари, во кои влегуваат средства за надзорот, демонтажата на керамичките плочки од ѕидовите, таваните, како и демонтажата на врати. Со средства од општината се изработија и дел од активностите во санитарните јазли. Останатите изведби беа реализирани со средства од УСАИД.
Учениците кои учат во оваа зграда, една од трите во рамките на училиштето, со овој зафат добиваат многу поквалитетни услови за изведување на наставата, но и за одржување на личната хигиена. Ова е уште едно во низата од битолските училишта, во кои вложува општината, со цел да се надминат лошите услови во образовните институции во Битола.