На охридското крајбрежје продолжува акцијата за отстранување нелегални градби и урбана опрема за враќање на плажите во првобитна состојба, а со цел вoведување ред на крајбрежјето по препораките на УНЕСКО.

Основното јавно обвинителство во Битола отвори  предистражна постапка за легализацијата на бесправно изградените објекти во изминатиот период, потврдија за апла.мк од Јавното обвинителство на РМ.

Натегања околу  процесот на легализација на дивоградби во Општина Битола, помеѓу власта и опозицијата. Во кварталниот извештај за реализацијата на буџетот стои дека реализирани се  3,95 проценти за „надоместок за утврдување на правен статус за бесправно изградени објекти“.

Од Општината соопштија дека за ист случај за легализација на дивоградба, во изминатите години една општинска служба го завршувала процесот и се чекал уште потписот на градоначалникот, а друга констатирала дека објектот бил бесправно изграден подоцна од законскиот термин, поточно по 2011 година. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани