АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основниот суд во Битола ги закажа првите рочишта за спорот во кој превозници од Битола тужат училишта од градот за неиплатени фактури за бесплатниот превоз на ученици од септември 2018 година.
Превозот беше регуларан со петгодишните договори меѓу Општина Битола и превозници, а сега тие договори се во фаза на раскинување и им поминува отказниот рок кон средината на февруари годинава.
Првото рочиште е закажано за 28 јануари за гимназијата „Таки Даскало“, а потоа следуваат судски рочишта во февруари и март за другите средни училишта.