АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Делегација на битолскиот огранок на #СДСМ предводена од претседателот, Драган Крајовски, оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ во центарот на Битола и споменикот на паднатите борци 1941-1945 во село Лавци.
Учениците од СОУ „Јосип Броз – Тито” – Битола на 28 декември 2021 година со пригодна свеченост во НУ Центар за култура– Битола се поклонија на тројцата великани на македонската книжевна, научно- јазична и есеистичка мисла - Блаже Конески, Коле Чашуле и Анте Поповски.
Во бисерот на Пелагонија, манастирот Рождество на Пресвета Богородица со Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше митрополиот г.Петар, започна чествувањето на празникот на Раѓањето на Мајката Божја.
Обраќајќи се на македонски јазик пред Рускиот крст во Битола, каде пред 116 години загинал рускиот конзул Ростковски, актуелниот амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Бездникин рече дека подготвени се за унапредување на пријателските односи со Република Македонија во различни области, дотолку интензивно, доколку за тоа се подготвени македонските партнери.
За првпат по повеќе од десет години, ресенската локална власт заедно со претставници од Сојузот на борците од Ресен, ја чествуваа годишнината од Преспанското советување на ЦК на КПМ на споменикот во Отешево. Иако овој настан во изминатите години беше заборавен од властите, сепак, ресенската боречка организација редовно го одбележуваше.