АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Обраќајќи се на македонски јазик пред Рускиот крст во Битола, каде пред 116 години загинал рускиот конзул Ростковски, актуелниот амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Бездникин рече дека подготвени се за унапредување на пријателските односи со Република Македонија во различни области, дотолку интензивно, доколку за тоа се подготвени македонските партнери.
„Братските народи на нашите две земји се поврзани со блиски духовни и културни врски со повеќевековна историја. Ова е солидна основа за понатамошно подобрување на односите за доброто на нашите народи“, рече амбасадорот.
Пред Рускиот крст во Битола, подигнат на местото каде што во 1903 година загинал рскиот конзул Александар Ростковски, кој пак го заштитувал христијанското население и бил убиен од османлиски војник, денес цвеќе положија повеќе дипломати, градоначалници, директори, советници и претставници на здруженија. На овој начин традиционално секоја година во Битола се одбележува Денот на руската дипломатија.