
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Реновирани се соблекувалните и осветлувањето во фискултурната сала во Основното училиште „Климент Охридски“ во Битола со средства на Општината, РЕК „Битола“ и Советот на родители.
„Со реконструкцијата на соблекувалните во фискултурната сала се обезбедија подобри услови за учениците кои на број се 956 во училиштето“, рече директорката Гордана Анастасова.
Синџирите на неколкуте влезови во Старата битолска чаршија кои не дозволуваат влез на возила на оваа локација утрово повторно се вратени на своето место.
Наставници и ученици од Италија, Грција, Романија, Полска и Португалија од денеска се гости на ОУ „Стив Наумов“ од Битола, во рамките на проектот „Зелени училишта за одржлива иднина“ кој на неколку теми се реализира од 2017 година како дел од Еразмус програмата
Со камиoнчиња, во било кое време од денот кога фрекфенцијата на пазарџии е најголема се врши дотурот на стока по дуќаните и кафеаните во Старата битолска чаршија.

Откорнати и украдени се 8 од вкупно 16 садници што во декември ги засадија учениците заедно со наставниците во училишниот двор на ОУ „Коле Каниански“ во Битола.
Употребени гуми од автомобили и трактори средношколците од „Еко герила “ од Ресен ги претворија во корпи за отпадоци.
Клиничката болница од Битола ги известува пациентите и останатите граѓани дека нивниот досегашен број 047 251 211 е надвор од употреба. За секакви информации да се користи телефонскиот бројот 047 243 411.
Битолската џез пејачка Стефанија Милевска сними нова песна „Еј ти, слушај“ (Hey You, Listen) и документарен филм, кои беа промовирани вчера, а имаат за цел да ги срушат бариерите и предрасудите што постојат во општествената заедница за лицата со попреченост. Песната и документарниот филм се посветени на нејзиниот прерано починат брат, кој беше болен од целебрална парализа, и на сите лица со попреченост. Таа сними и спот за песната, во кој учествуваат лица со различен вид попреченост од Битола, Скопје и Белград, како и танчари, пејачи и изведувачи од Анастасија центар-Битола.
Формирана е платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух "Земи здив" во Битола. Основана е од петте граѓански здруженија Младинска асоцијација ИМКА, Регионално географско друштво Геосфера, Здружение за одржлив развој Сфера Македонија, Здружение на граѓани- Центар за европски развој и интеграција и Здружение на граѓани за советување и поддршка на лица со карцином или лица кои се излечиле- „Јасмин“.
Цели на Платформата „Земи здив“се:
* Подигнување на хипер-локална мрежа од сертифицирани мерни станици кои ќе го следат квалитетот на амбиенталниот воздух
* Идентификација, мапирање на загадувачите и доставување на поднесоци до институциите кои ќе се базираат на докажливи податоци од мрежата
* Генерирање на документи, извештаи и анализи за состојбата и квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола
* Предлагање на мерки за справување со аерозагадувањето
* Анимирање на сите граѓани и институции по прашањата кои се поврзани со квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола и
* Вклучување на платформата и во сите други активности поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина.
Задачи на Платформата „Земи здив“ со кои се остваруваат целите се:
* Податоци во реално време за квалитетот на амбиенталниот воздух
* Инсталирање на сертифицирана сензорска мрежа
* Месечни и квартални извештаи за квалитетот на воздухот
* Подигање на јавната свест
* Идентификација на загадувачите
* Анализа и конкретни мерки
* Следење на ефектите од мерките
* Изнаоѓање на решенија
* Креирање на политики
* Прогнози за аерозагадувањето
* Организирање на советувања, предавања и активности на теми за подобрување на амбиенталниот воздух
Календарски уште сме зима, пролетта започнува за неколку дена, а во Преспа како да пукнало лето. Температурата се искачи до дваесетиот степен и сите туристи што викендов ја посетија Преспа уживаа крај езерото по куси ракави.