2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Едни садат, други крадат

Март 18, 2019

Откорнати и украдени се 8  од вкупно 16 садници што во декември ги засадија учениците заедно со наставниците во училишниот двор на  ОУ „Коле Каниански“ во Битола. 

На местото на борчињата сега има дупки, а децата се разочарани што несовесни граѓани, не им го почитуваат вложениот труд и им ја уништуваат околината. 
IMG 0b9dd3ca6f0ce71d8022658e19d59c29 V
 
IMG 8ea8523551b4fd3affde2a157fe1c32f V
 
Донацијата на борчињата е од битолската компанија „Интерворкс“ Битола, која во рамките на акцијата „од граѓаните за граѓаните“ донираше 1500 садници засадени на повеќе локации низ градот.
 
Учениците од ОУ „КОле Каниански“ се вклучија во акцијата за зазеленување на Битола, со цел подобрување на амбиенталниот воздух и оплеменување на животната средина. 
IMG 20190318 134655
 
-На 7 декемевси лани  беа засадени 16 борчиња, а на 17 март половината од нив се откорнати од несовесни граѓани. Учениците апелираат да не им се обезвреднува трудот и да не им се обезличува опкружувањето, велат од ОУ „Коле Каниански“-Битола
 
Откорнати дрвца има и на други локалции низ Битола, а на интеренет се појавуваат огласи за продажба на садници по 100 денари. Од една старана  битолчани  реагираат за загаденит воздух и недостигот на зелени површини, а од друга страна несовесни граѓани го уништуваат и она малку зеленило што го имаме низ градот. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани