Анета Блажевска

Анета Блажевска

Фото: Претставено творештвото на младата уметничка Билјана Толевска-Наумовска пред охриѓани.Триесеттина дела од поновото творештво на младата уметничка Билјана Толевска-Наумовска од Битола вчеравечер беа изложени во Националната установа Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид. Присутните на изложбата насловена „Течни денови“ имаа можност да погледнат дела кои се изработени во акварел и лавиран туш.Изложбата беше отворена од страна на Драган Ристевски, галерист, кој истакна дека суптилната игра на авторката со акварелот како и прецизните потези со перото, нијансите и водатата нанесени на хартија, се заедно, длабоко допираат до нашите емоции, често подзатскриени.

Природните простори, цели пејсажи всушност се само средства да се прикажат внатрешните затскриени чувства, емоции како и траги од минатато, интмните доживувања. Притоа впечатливите ликовни претстави и потези непосредно доживеани силно влијаат врз реципиентот. Колоритот е повеќеслоен, од прозначни нијанси на пејсажот до силни динамични и предизвикувачки, напати драматични и вознемирувачки природни мотиви и состојби. Ако Македонија и Охрид го имаа меѓународно вреднуваниот Вангел Наумовски, еве силна почетна најава. Имаме сликарски следбеник од Битола. Според насловот на изложбата „Течните денови“ заедничка нитка на обата автора е водата, акварелот, истакна Ристевски.

 

Од Битола, од срце за Кочани!

 
ФК Пелистер, љубителите на фудбалот во Битола, навивачката група „Чкембари“ го исполнија ветеното. Приходот од билетите од натпреварот од 25. коло на Првата фудбалска лига е дониран за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Исто така независно од натпреварот, навивачката група „Чкембари“ реализираше индивидуална акција во која собра дополнителни средства кои се додадени во донацијата. Нашиот град и нашиот клуб уште еднаш ја покажа својата хуманост и човечност во тешките моменти за нашата земја и нашите граѓани. Да не се повтори...

Симулациска вежба за брза евакуација и однесување во кризни ситуации, превентивна активност на СВР Битола

 
Денеска (03.04.) полициски службеници од СВР Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот Крст од Битола,  Територијалната противпожарна единица Битола како и екипа на Итна медицинска помош Битола   во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, за учениците од ова училиште спроведоа симулациска вежба на тема: „Начин на однесување во кризни ситуации“. Вежбата беше спроведена со цел учениците да се запознаат со начините и протоколите на однесување во кризни ситуации, потоа за начините на евакуација од пожар, совладување на паниката и безбедно и организирано евакуирање од училиштето во претпоставена ситуација.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани