Анета Блажевска

Анета Блажевска

 Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ – Битола останува таму каде што функционира, со јасна поддршка за зачувување на неговата улога и значење, објави заменик министерот за финансии од Битола, Николче Јанкуловски.

 
-Министерството за образование и наука ќе биде директно вклучено во следењето на работата и практичната настава на учениците. 
Владата останува посветена на квалитетно и напредно дуално стручно образование. 
 Советот на Општина Битола, како основач на училиштата, уште еднаш потврдува дека е вистински глас на граѓаните, објави Јанкуловски. 

Претставена програмата на 27. Интернационален фестивал на монодрама - Битола

Во фоајето на НУ Центар за култура денес се одржа прес-конференција на која беше претставена програмата на 27. Интернационален фестивал на монодрама , кој ќе се одржи од 23 до 29 април.
На прес-конференцијата говореа директорот на НУ Центар за култура - Битола, Сашо Илковски, селекторот на фестивалот Благој Мицевски, Љупка Коларова Пајевиќ и Љупка Стефановска, додека за значењето на фестивалот и улогата на жири-комисијата се обрати и актерот Кире Ѓоревски, член на жирито.
Со популарната претстава „Менопауза“на Тијана Дапќевиќ, свечено ќе биде отворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во НУ Центар за култура - Битола, додека фестивалот ќе биде заокружен со изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“- Драмски театар на сцената на Народен театар Битола.
Годинашното издание на фестивалот ќе донесе 13 монодрамски претстави од 10 држави: Ерменија, Полска, Литванија, Грузија, Киргистан, Шпанија, Казахстан, САД, Израел и Македонија.
Во рамките на програмата ќе бидат изведени три македонски претстави, со што фестивалот продолжува да ја поддржува и афирмира домашната театарска продукција.
Покрај официјалната натпреварувачка програма, фестивалот ќе понуди и OFF програма, која вклучува ретроспективна изложба „Лауреати на фестивалот“, уличен перформанс „Статуи“ на Широк Сокак, како и неколку тематски работилници.
Со своето 27. издание, Интернационалниот фестивал на монодрама повторно ја позиционира Битола како значајна точка на театарската мапа, каде се среќаваат различни актерски поетики, сценски јазици и култури од целиот свет.

Поддршка за секое дете – еднакви можности за спорт!, објави претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојковски.

 
Денес, Комисијата за спорт при Советот на Општина Битола, согласно јавниот повик донесе ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА за субвенционирање на спортски клубови во кои членуваат деца од ранливи категории.
 
 Целосно покриена членарина
 
Согласно јавниот повик, Општина Битола целосно ќе ја покрива членарината за децата од ранливи категории кои се дел од спортски клубови.
 
Со оваа мерка:
 Поттикнуваме активно учество во спорт. Даваме поддршка на семејствата на кои им е најпотребна
Овозможуваме еднаков развој и здрави навики кај децата
 
Продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на младите и развој на спортот во Општина Битола. Членови на комисијата се:
 
Мартин Ивановски - претседател
Бојан Бојкоски - член
Александар Цветановски - член
Стефан Тековски - член
Александар Дракуловски - член

Битола му оддава почит на Тихомир Јанчовски со монодрамата „Лидија или сè што знам за жените“ во УТОПИА

 
Битола се сеќава на Тихомир Јанчовски.
А УТОПИА - местото каде што минатата година настапи ја продолжува таа меморија преку сцена.
 
На 22 април, со почеток во 20:00 часот, во УТОПИА ќе се одигра монодрамата „Лидија или сè што знам за жените“, експериментална документарна форма базирана на поетскиот роман на Јанчовски.
 
Оваа изведба има посебна тежина, не само како театарски чин, туку и како омаж на автор кој остави силна трага на современата книжевна и сценска мисла. Јанчовски беше препознатлив по својот автентичен израз, интимен пристап кон темите и способноста личното да го претвори во универзално.
 
Монодрамата, во адаптација, режија и изведба на актерот Игор Трпчески, не следи класична драматургија. Наместо тоа, таа функционира како отворен процес и секоја изведба е различна, секој текст се преиспитува, секоја сцена се гради одново.
 
Токму затоа ова ќе биде осмата изведба во осум години постоење на претставата и прва што се игра по прераното заминување на авторот.
 
Со музиката  на Тони Миќевиќ, изведбата добива дополнителна интимност, бришејќи ја дистанцата меѓу сцената и публиката.
 
Настанот претставува и продолжување на врската меѓу авторот и просторот, УТОПИА беше едно од местата каде Јанчовски настапуваше и комуницираше директно со публиката, оставајќи силен впечаток кај посетителите.
 
Со оваа изведба, Битола не само што се сеќава, туку активно го одржува жив неговиот глас.
 
Билетите се во ограничен број, по цена од 250 денари, а резервации се достапни преку официјалните канали на УТОПИА.

Мрша од коњ е оставена на ливада на стариот пат од Брусник кон село Дихово. Утробата е рaстргната, најверојатно од кучиња скитници. Граѓани вознемирени од глетката велат дека никој деновиве не се потрудил да ја отстрани мршата или закопа. Во исто време на ливадата пасат неколку коњи. Фотографиите ни ги испратија револтирани граѓани и бараат реакција од надлежните, да се казни тој што го оставил псовисаниот коњ во оваа состојба. Фото АПЛА.мк

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани