
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечерва под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, полицијата спроведува акција за сузбивање на организирана криминална група вмешана во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост“ и „неовластена употреба на туѓа фирма“, како и „примање поткуп“ и „помагање“, дознава „Слободен печат“ од свои добро упатени извори. Во рамките на акцијата врз основа на претходно обезбедени наредби од Основниот кривичен суд, се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што уапсени се повеќе од 10 луѓе, дел од нив вработени како доктори на скопските клиники, сопственици на дерматолошки ординации и организатори на транспорт и продажба на илегално внесени стоки со статус на медицински лек и медицинско помагало, без одобрение од надлежен орган, без упатство и без налепници. При претресите пронајдени и одземени се поголемо количество на медицински лекови и медицински помагала, едно луксузно возило, парични средства, парфеми, телефонски апарати и друго.
Неофицијално, медицинските средства што се внесени нелегално се ботокси и филери, со намера да се употребат за естетски интервенции, но нема информации дали истите биле употребени врз пациенти и дали предизвикале штета.
Во акцијата опфатени се и доктори од ГОБ „8 Септември“ и од Клиниката за дерматологија. Извор Слободен печат
ВОДАТА Е ЖИВОТ-ЗАЕДНО ЈА ЧУВАМЕ. КОЊАНОВСКИ И ГИНОВ НА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ШВАЈЦАРСКАТА АМБАСАДА


ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ ОД БИТОЛА СЛАВИ ПАТРОНАТ! Со свечена програма исполнета со креативност, Средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ Битола денес го одбележа својот патрон празник. Чествувањето започна со достоинствено оддавање почит и полагање свежо цвеќе пред споменикот на големиот револуционер Јане Сандански, од страна на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и директорката на училиштето, Биљана Јанкуловска. 

