
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВАКА СЕ САКА ПЕЛИСТЕР!!! НОВА ПЛАНИНСКА ПАТЕКА НА ПЕЛИСТЕР за сите љубители на планината и природата. Во рамки на работниот викенд, вработените од НП Пелистер во соработка со Extreme Bike Team Bitola работеа на целосно уредување на планинската патека која води од Цапарска пресека преку Горна скала, Лоша стена па се до с.Цапари. Лоша стена е еден да најлесно достапните природни видиковци кои ги има НП Пелистер. Се наоѓа на околу 1220 мнв југоисточно од с.Цапари и сега е веќе лесно достапна локација за сите посетители. Паралелно овој викенд работиме и на целосно уредување на кружната вело и пешачка патека со вкупна должина од 16km, која ќе почнува од Инфоцентар, Цапарска пресека, Цапарски вир, Ротинско езеро, Голема и Мала ливада и назад до Инфоцентар.
Битолската лекарка Соња Коцарева- Трпезановска како внука на докторот со светско реноме д-р Анастас Коцарев го прими постхумно одликувањето Анастас Коцарев со Орден „Илинден – 1903 година“ за неговиот исклучителен придонес во афирмирањето на идејата, заложбата и борбата за признавање на самобитноста на македонскиот народ.


Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков објави- "Ми претставува чест што денес присуствував на свеченостите организирани во чест на нашиот сограѓанин, докторот со светско реноме, д-р Анастас Коцарев.

"Конечно му се оддава почит во неговиот роден град. Се надеваме дека неговото дело ќе биде трајно зачувано и чествувано" истакна д-р Соња Коцарева- Трпезановска .

Текст Анета Блажевска
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И.(53) и М.А.Н.(61), двете од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавената, во својство на директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, а потоа и медицински директор во Министерство за здравство и второпријавената, во својство на раководител на Оддел за интерни болести при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, ги пречекориле границите на своите овластувања со намера за себе и за друг да прибават противправна имотна корист. Во периодот од ноември 2023 до јуни 2024 година, пријавените потпишале листи за исплата на прекувремени часови работа на 12 вработени доктори од Одделот за интерни болести за извршени прегледи и визита на пациенти од Одделението за урологија и Одделението за физикална медицина и рехабилитација, спротивно на одлука на управниот одбор.
На тој начин пријавените овозможиле неоснована исплата на надоместок за прекувремени часови работа во износ од 494.933 денари и го оштетиле буџетот на државата.
На Педагошкиот факултет во Битола нема настава во зима бидејќи нема парно, рече студентот Александар Николовски на денешната прес-конференција во свечената сала на Владата, објaви СДК.мк . Темата на прес-конференцијата беше Предлог-законот за високо образование, а говори држеа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, како и шестмината ректори на универзитетите во земјава. По завршувањето на официјалниот дел, само Николовски се пријави за коментар, претставувајќи се дека е дел од Координативното тело за реформи во високото образование и досегашен претседавач на Националното студентско тело и претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Николовски наведе неколку примери за диспропорција во инвестициите, како на пример за Универзитетот „Мајка Тереза“, Владата вложува 42 милиони евра за универзитет со околу 2.000 студенти.
„Инвестицијата за зградите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичка култура од 2015 изнесува околу 20 милиони евра за 6.000 студенти. За УКИМ (2025), капиталните инвестиции изнесуваат само 245.000 евра за 23.000 студенти. Државен универзитет во Тетово добива 100.000 евра инвестиции за 7.000 студенти. Поентата ми е дека треба да се внимава со финансирањето“, рече тој. Целиот текст на https://sdk
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствува на заеднички состанок со регионалните комори од Битола и Прилеп.
На состанокот ќе се разговара за реализација на инфраструктурните проекти во Пелагонискиот Регион, најави Министерството за транспорт.