
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Професорката Марина Коруновска, која во рамките на нејзината музичка школа со исклучителна посветеност работи на промоција на музиката и создавање на нови млади таленти, но, посветено работи и со повозрасните кои ја сакаат музиката, со емотивен статус ја најави својата мисија за следната 2024 година. Сите средства од концертите ќе бидат донирани за финансирање на исклучително талентирани деца, избрани по строги критериуми.
Мнозинството во Советот не го прифати барањето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ за разрешување на претседателката на Советот Габриела Илиевска. Одбиен беше предлогот оваа точка да се стави на дневен ред на денешната 34 седница
Само со последниот, 9-ти пакет антикризни мерки, 662 милиони евра насочуваме кон граѓаните, потенцираше Ковачевски пред битолчани коишто во голем број ја следеа трибината на СДСМ.
-Силна финансиска поддршка за ученици, студенти, млади, пензионери, ранливи, самохрани родители, домаќинства со ниски приходи, земјоделци, компании. 120.000 млади лица поддржуваме со овие мерки, 187.000 пензионери, над 74.000 социјално ранливи граѓани, 40.000 земјоделци, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании. Тоа е повеќе за сите. Повеќе добиваат граѓаните, работниците, пензионерите, повеќе добиваат наставниците, професорите, лекарите, негувателките, повеќе има за младите, земјоделците, ранливите, фирмите. За сите! Ние знаеме дека секој поединец заслужува повеќе. Не само да добива повеќе, туку и да напредува, да биде спокоен за иднината негова и на генерациите што доаѓаат, рече Ковачевски.
Дури и во време на светска и економска криза, се справивме со сите можни предизвици и успешно ја поминавме кризата, никој не беше оставен сам.
-Не дозволивме да нема струја, парно, храна, гориво. Не дозволивме економијата да застане. И во такви тешки услови, обезбедивме економски раст, ја зауздавме инфлацијата и силно ги помагаме граѓаните, младите, студентите, учениците, пензионерите, ранливите, компаниите, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Битола.







Владата од буџетот издвои 1, 7 милиони евра за Општина Битола, средства за реконструкција на влезот во градот од страната на Прилеп. Процедурите за префрлање на парите се веќе во тек, по што Општината ќе може да започне со реализација на овој проект, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на Битола.
Во Битола има појава на магла со видливост до 50м, известуваат од АМСМ и препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите,
Инаку и во текот на деното најладно денеска беше во Битола со измерени -1 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
20.12.2023 год.