АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 770 пензионери со ниски примања, членови на битолското Здружение на пензионери, им беше доделена втората рата од ваучерите во износ од 1000 денари, беше соопштено на денешната редовна седница на Извршниот одбор на Здружението.
На седницата под претседателство на Даница Петличкова, беше посочено дека завршија уписите за снабдување на пензионерите со огревно дрво. Запишани се скоро сите пензионери кои беа заинтересираните да се снабдат со даб и бука преку Здружението во објавениот рок и обезбедената количина дрва. Дури 1650 членови ќе набават огревно дрво на 5 рати преку ова битолско Здружение. На седницата се разговараше и за другио тековни прашања од работата на Здружението на пензионери од Битола. .