АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од почетокот на годинава заклучно со месец јули пријавени се 65 случаи на злоупотреби на лични податоци и измами со таканаречени брзи кредити, за кои поднесени се девет кривични пријави, а кривично се пријавени 15 сторители, информирал денеска на координативен состанок министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Тоа е сериозно зголемување случаите во однос на претходната година, кога биле евидентирани 43 случаи на злоупотреба на лични податоци/измами со брзи кредити, за што до Основното јавно обвинителство поднесени биле 16 кривични пријави за 24 сторители. Поради ваквата зачестена појава денеска беше одржан координативен состанок кој вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска го реализираше со надлежните институции и претставници на Групација на небанкарски финансиски друштва, со цел да се преземат брзи и зајакнати мерки за справување со злоупотребата на личните податоци на граѓаните и нивно незаконско задолжување со таканаречените „брзи кредити“.