АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бојан Стефановски е новиот директор на НУ Универзитетска библотека „Св. Климент Охридски“ во Битола.
Тој е еден од 22 нови директори кои денеска добија решенија од министерот Асаф Адеми за управување со културните установи во следните 4 години.
Стефановски беше продуцент во Мал драмски театар, чиј основач и менаџер е Благој Стефановски, поранешен директор на Народниот театар во Битола и поранешен Министер за култура, а новиот директор на битолската Библиотека е негов син.
Досега, ВД директор на НУ УБ „Св. Климент Охридски“ беше Јелена Петровска.