АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Човекот кој на сценаристот Трајче Попов му послужил како инспирација да го изгради ликот на Манданата во филмот „Мис Стон“, публиката ќе може да го види и чуе на снимен материјал во рамки на изложбата по повод 60-годишнината од снимањето на филмот што ќе се одржи во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Изложбата ќе ја содржи приказната од идејата до снимањето на филмот и успехот што го постигнал потоа.
„За еден филм да биде успешен потребна е и приказна надвор од филмот. Овој филм го има тоа. Сценаристот Трајче Попов уште во 1953 година , пет-штест години пред снимањето, патувал во Пиринска Македонија каде сретнувал луѓе и настани што го мотивирале да го напише сценариото. Тој го сретнал и панданот за ликот на Манданата, значи оној модел кој му послужил за подоцна да го стави во сценариото. Ние тој човек го имаме дури и снимено на филм во 1953 година и мислиме да ја раскажаиме таа приказна од идејата до сниманњето на филмот и неговиот живот подоцна како еден од најуспешните и најпродаваните филмови во поранеша Југославија“, рече Владимир Ангелов, директор на Кинотека на Македонија.
Покрај изложбата, во Магазата ќе има и проекција на филмот „Мис Стон“ за кој младите, како што рече Ангелов, се помалку знаат зашто ретко се прикажува. На Фестивалот покрај 60 годишнината од „Мис Стон“ ќе биде одбележана и 100 годишнината од раѓањето на светски познатиот филмски шведски режисер Игнам Бергман.
Фестивалот годинава започнува на 22 септември и ќе трае до 29 септемеври.