Синоќа, во просториите на Националната Библиотека во Корча, беше отворена изложбата „Приказните од Градиште“, чиј што автор е археологот Енгин Насух, кустос советник при НУ „Завод и музеј“ – Битола. 
- Ова е трета изложба која нашата институција ја поставува во Албанија, а во рамките на проектот SMART4YOU2, кој што е кофинансиран од страна на Европската Унија, во рамките на третиот повик на IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.
Оваа изложба имаше за цел пред пошироката албанска јавност да ги претстави исклучително вредните наоди кои што се откриени на локалитетот Градиште во близина на с. Црнобуки, за време на археолошките истражувања кои веќе пет години се одвиваат на овој локалитет, објави Мери Стојанова кустос во Завод и музеј Битола.
На изложбата покрај присутните посетители имаше претставници и на локалните и националните албански медиуми, кои ја пренесоа оваа информнација до пошироката јавност, вели Стојанова.

Текст и фото - Фејсбук Мери Стојановa - кустос во Завод и музеј Битола
