2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Кубанците заедно со битолчани играа оро на песната „Слушам кај шумат шумите“

Ноември 19, 2018

Кубанците од танцувачката компанија „Фламенко Екос“, ѕвездите на Фестивалот на музика од светот што викендов се одржа во Битола, ја изненадија публиката со инструменталната изведба на македонската патриотска песна „Слушам кај шумат шумите, буките“. По ова кубанците заедно со битолчани заиграа оро низ слата на Центарот за култура.

 

Со настапот на   Кубанците „Фламенко Екос“вчера заврши и десеттото јубилејното издание на Фестивал на музика од светот во Битола, чиј организатор е Центарот за култура,а е поддржано од Министерството за култура и Општина Битола. „Фламенко Екос“ се искусна група танчери и музичари кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и промоцијата на фламенго уметноста.46453190 181839266022915 2749731770495664128 n

46434279 1148318241983553 7951724347557675008 n

(фото Димитар Петковски) 

Битолската публика исто така имаше можност да ужива во фантастичните концерти на „Синтезис“ и „The Quartet“.После концертот,Синтезис пред присутните на фестивалот ја промовираа и својата монографија -20 години музичко постоење на Синтезис, ѝ раскажаа на публиката неколку анегдоти поврзани со нивното долгогодишно постоење и го презентираа албумот „Остров“.The Quartet од Скопје, во рамките на Фестивалот на музика од светот изведоа Свита за флејта и џез пијано трио од Клод Болинг, кој го нарекуваат и францускиот Гершвин.

46468475 1963240537103776 5782459941147115520 n

46486263 1710786015693942 336554354574098432 n

(фото Димитар Петковски) 

За крај на оваа убава музичка приказна, селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски од групата „Љубојна“ одлучи оваа година својот хонорар за селектор на фестивалот да го донира во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца - Битола.46501384 1944222612299330 8387784143668248576 n

(фото Диоген Хаџи Коста Милевски)

Ова е една од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во градот во текот на годината, на која досега настапиле Ричард Галијано, Наташа Атлас, Васил Хаџиманов, Каролина Гочева, „Фолтин“, Љубојна, Тереза Салгуеро, Карсу Домнез,Исмаил Лумановски и други.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани