АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вработените од ЈП„Пазари“ –Битола, денеска на паркингот кај Новиот пазар се вклучија во еднодневна акција за чистење на отпадоци и остатоци од смет и земјоделски производи на земјените површини околу пазарот. Иако просторот непосредно до паркингот е во приватна сопственост, сепак лошата слика е последица од работата на пазарџиите и купувачите, па вработените решиле состојбата да ја поправат со расчистување и собирање на ѓубрето околу паркингот. Иницијативата за акцијата доаѓа од новиот директор на ЈП „Пазари“, Владо Атанасовски, кој на оваа фукцијата е од почетокот на овој месец.
Со соодветни ракавици и алатки во акцијата се вклучија најголем дел од четириесеттината вработени во претпријатието, освен дел од наплатната служба која остана ангажирана во Градскиот зелен пазар.
Хигиената во двата градски пазари во Битола секојденевно се одржува , покрај собирањето на сметот, просторот каде се лоцирани контејнерите дополнително се дезинфицира со соодветни хемиски средства.