АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изложба на портрети на осумте народни херои кои потекнуваат од Битола и битолско, насловена „Негување на револуционерните традиции“, чиј автор е академскиот сликар Никола Славевски, беше отворена вчера во малата сала на Центарот за култура во Битола. Изложбата е дел од активностите во рамките на проектот на општинската организација на Сојузот на борци од Битола, поддржан од Министерството за одбрана на РМ.
Исто така, се одржа и трибина на која говореа претседателот на боречката организација Александар Трајковски, историчарот д-р Александар Литовски, кој се осврна на создавањето на македонската војска и развојот на Националноослободителната и антифашистичка војна во Македонија, а пак во име на Министерството за одбрана, потполковник Мице Котески, на трибината зборуваше за поставеноста и развојот на Армијата на РМ, како и перспективите и придобивките од зачленувањето на Македонија во НАТО алијансата.
Во рамките на истиот проект, во август годинава, Сојузот на борци го одбележа Денот на АРМ кога беше отворена изложба со фотографии од партизани и партизански одреди од НОВ од Битола и битолско, како и изложба на која беа претставени активностите на припадниците на АРМ во мировните мисии.
Елпида Караманди, Пецо Божиновски, Естреја Овадија Мара, Васко Карангелевски
Фана Кочовска Цветковиќ, Стефан Наумов Стив, Вангел Нечевски-Тунелот, Вангел Тодоровски-Мајорот