АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Продолжува санацијатана училиштата во руралните средини, информираат од Општина Битола. Градоначалничката Наташа Петровска, денеска посети 4 подрачни училишта кои работат во состав на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица и заедно со директорот Димитар Пипилевски, извршија увид во градежните активности кои се во тек, а некои се веќе завршени
Во подрачното училиште во селото Граешница, по интервенцијата на ЈКП „Водовод“ Битола, донесен е довод и одвод во училишниот објект, со што ќе се овозможи во следната фаза изградба на тоалет во училиштето, наместо досегашниот кој е надвор од зградата. Во наредниот период во оваа зграда ќе се врши санација и опремување на уште една училница, како и поставување на патека од патот до училишната зграда, со цел учениците и наставниците да не минуваат низ кал до влезот во училиштето.
Во подрачното училиште во селото Лажец, со средства од Општина Битола беа заменети дотраените печки на дрва со нови, кои, како што велат вработените, им штедат дрва, а на учениците им обезбедуваат долготрајна затопленост за време на часовите. Во ова училиште ќе се изврши и санација на покривната конструкција.
Во подрачното училиште во селото Жабени, исто така е набавена нова печка на дрва, а во наредниот период следува набавка на уште една, како и санација на училниците.
Во селото Меџитлија Општината инвестираше во реконструкција на таваните и покривната конструкција, а исто така, руинирана просторија, која се користеше како магацин, сега е целосно обновена во спортска училница. Во наредниот период во ова училиште Општината ќе обебеди средства за поплочување на ходникот, како и нов под во спортската училница.
Од Општината информираат дека во реконструкцијата со сопствени средства се вклучиле и приватни лица. Така, во училиштето во Граешница, средства донирал Сефер Алиевски за новата дограма, дел од инвентарот и подот, а за изградба на спортската училница во Меџитлија, финансиски средства донирал Керим Сулејмани.