2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

КК „Петровски“ со спортски новитет во Битола! МУЛТИ-СПОРТ за деца над 4 години

Април 10, 2019

По подолг период на планирање од страна на Кошаркарскиот клуб Петровски, се стигна до реализација на идејата за МУЛТИ-СПОРТ за најмладите во нашиот град.

Посветен на својата мисија за создавање на здрава младина, клубот створи оптимални услови за реализација на оваа проекција, набавувајќи опрема и реквизити за голем број спортови, кои ќе бидат опфатени во МУЛТИ-СПОРТ отсекот. Некои од направите се новитет во градот.

 На пример, Битола за првпат добива адаптибилни кошови (Spalding и Lifetime), кои им овозможуваат на децата од најрана возраст да ја „вкусат“ кошарката. Кошовите можат да се спуштаат на висина од 220 см и да се качуваат до 305 см, т.е. како што растат децата, така ќе растат и кошовите.

Но, најмалите деца нема повеќе да тренираат само кошарка во овој клуб. Во програмите за работа со нив, се опфатени вежби и тренинзи од повеќе спортови, а најзастапени се корективна гимнастика, атлетика и спортски игри со топка. Тоа значи дека со децата од возрасните категории 4-6 години и 6-8 години повеќе ќе се работи на подобрување на координацијата и стабилноста на телото и на нивниот правилен раст и развој.

Тренерот Кире Петровски е катeгоричен дека на овој начин би се избегнале деформитети на телото, кои се сè почести со денешниот начин на живот.

„Возраста, која ќе биде опфатена во проектот, е супер сензитивна во физички-развојна смисла. Вообичаено, децата со организирана физичка активност претежно започнуваат на 10-11 годишна возраст, некои на училиште, а некои по школи и клубови. Нашата цел е преку внимателно избрани вежби од различни спортови, кои би им биле забавни на децата, да работиме со нив од најмала возраст за тие правилно да се развиваат. Со тоа би избегнале појава на телесни деформитети. Откако тие ќе стекнат квалитетна психо-физичка основа, некаде на околу 8-9 години ќе ги насочуваме по конкретно спортски.“

„Разликата во нашиот новитет и досегашната пракса е во тоа што децата во рана возраст нема да имаат насочен тренинг по еден спорт (пример кошарка), туку во секој тренинг ќе има различни содржини од повеќе спортови.“

„Најубавиот момент во нашата работа со најмалите се насмевките на децата, забавата, задоволството од достапноста на спортските активности. Сега кај нас и 4-годишно дете може да стави кош со леснотија. Штафетните игри и полигоните се неизбежен дел од нашите тренинзи, а тие го подигаат натпреварувачкиот дух, нè возбудуваат и ги развиваат и нашето тело и нашиот мозок“.

„Сакаме уште од мали нозе дечињата да го засакаат спортот и да се мотивираат редовно да тренираат. Дури и да не станат познати спортисти, како што многу од нив сонуваат, физичката активност ќе им овозможи правилен раст и развој што е многу важно во ерата на технологијата“ – вели Петровски.56994116 2441101329243691 2947588157769515008 n

Децата во клубот тренираат исклучуво со дипломирани професори и тренери, што е особено важно при работата со деца.

Дел од активностите на клубот секојдневно можете да ги следите на https://www.facebook.com/basketballclubpetrovski и https://www.instagram.com/basketball_club_petrovski/

„Спортувајте и учете ги вашите деца да спортуваат, така тие ќе растат здрави, самоуверени и среќни“ – порачуваат од клубот.

56551810 1238000303027335 7064620013872742400 n

56553744 409540443180930 7537862759203995648 n

56595442 681326245615521 5294363038537744384 n

56629297 314495659217067 6589760028670951424 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани