АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Резултатите од проектот „Математика за мали“ наменет за децата од предучилишна возраст и учениците до трето одделение покажуваат дека децата не само што учат и ги развиваат математичките и логичките вештини, туку и се забавуваат.
Методот на учење на предемтотот математика преку истражување резултира како позитивен модел и децата учат многу работи поврзани со математиката, но и со секојдневниот живот. Во рамките на опсервацијата е констатирано дека математиката со размислување во почетните одделенија, има позитивни ефекти во наставата по математика во првиот циклус од основното образование.
Проектот, кој е поддржан од Еразмус+ програмата, исто така, предизвика голем интерес и кај наставниците, професорите и студентите на Педагошкиот факултет.
Претставници од партнерските организации од Германија, Италија, Шпанија, како и од Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и Центарот за доживотно учење кои ги реализираат активностите во нашата држава, ги презентираа резултатите и во Општина Битола. .
Градоначалничката Наташа Петровска ги поздрави ваквите иновативни активности на полето на математиката, особено кај популацијата која стартува во образовниот процес и кои токму во тој период од своето образование, ја креираат љубовта кон математиката. Петровска посака уште многу вакви проекти, преку кои се развива креативната мисла и љубовта на децата кон техничките науки, вклучувајќи ја и математиката.