2win800x200

ОУ „Гоце Делчев “се поднови со школски инвентар, донација вредна 7 илјади евра

Април 25, 2019

Школски инвентар од 50 клупи, 100 столици, 5 табли, 5 катедри, 5 врати и 12 столици за наставници денеска  ги поднови училниците во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола.

Донацијата вредна 7 илјади евра е дадена од страна на Невладината хуманитарна организација „Kaliri I Mersis“ (Kalliri i Mirёsisё), формирана во 1991 година во Скопје во улога на имплементатор и исламското  здружение „Исламик Релиф“ (Islamic Relief)) како финансиер.

Новите клупи и столчиња , како и целокупниот инвентар веќе се сместени во училниците, а новиот лик  оддава современа и позитивна слика за ова училиште.

s5

Муамер Шкриел, координатор на проектот од  хуманитарна организација „Kaliri I Mersis“ (Kalliri i Mirёsisё) од Скопје вели дека идејата за оваа донација е координирана со битолскиот муфтија Амит Расими кој воедно е наставник  во ова училиште.

-Минатата година имавме една посета за да утврдиме кои се потребите на школото од клупи, столчиња и друго. Денеска сме тука со донацијата  и чест ми е и задоволство што сме дел од еден ваков проект, бидејќи се однесува на младите генерации во кои што треба да инвестираме што повеќе . Ова ќе биде првиот чекор  од многуте кои ќе следат во иднина со ова училиште, рече Шкриел.

Битолскиот муфтија Расими кој водено е и наставник по предметот Етика и религии, вели дека донацијата ја инцирал со цел да им се обезбедат на учениците подобри услови за следење на наставата.

-Ме загрижуваа условите во кои учат нашите деца иако имаат волја и сакаат да учат. Се потрудив преку моите пријатели и соработката овде во школото да најдиме решение да се средат условите за работа, рече Расими.

w

Билјана Стојковска директор на ОУ „Гоце Делчев“ –Битола вели дека школото е изградено во 1847 , едно од најстарите училишта во градот кое е и  двојазично. Во училиштето учат 600 ученици во 37 паралелки, а работат  93  наставници.

-Во нашето училиште учат Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби и од другите заедници. Нашата главна цел е подобрување на условите за работа во училиштето. Благодарни сме на донацијата , ова многу ни значи и е еден од првите чекори на соработка со овие донатори, но и прв чекор кој ќе не доближи до нашата цел за постигнување на повисоки и трајни знаења. Поголем квалитет во воспитно-образовниот процес.  Денеска опремивме пет училници со нов инвентар, бидејќи клупите и столчињата кои досега беа во овие училници не беа променети можеби 2 до 3 децении, рече директорката Стојковска.

 s6

 s2

s 3

s 4

s7

s8

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани