АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Локалниот клуб на СДММ од Битола по повод големиот христијански празник Велигден денеска реализираше хуманитарна акција преку која се обезбедени поголеми количини прехрамбени артикли за социјално ранливи семејства.
Чесните сестри од Битола, кои преку хуманитарното здружение „Св. Винко Павелски“ обезбедуваат топол оброк и храна за повеќе од 90 семејства кои не можат да ги обезбедат дневните потреби, побараа поддршка преку советникот Борче Корлевски, а младите социјалдемократи го прифатија предлогот и се вклучија да помогнат за Велигенските празници.
Покрај прехрамбени продукти обезбедени с е и хемиски средства за социјално загрозените семества, а хуманитарната акција продолжува и утре.