АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Основното училиште „Елпида Караманди“ од Битола продолжи со организирање на активности и настани со цел комплетно да се реконструира и опреми „Инклузивна училница за уметност“.
Денес училиштето организира хуманитарен настан за промоција и продажба на печатено издание на училиштен весник „Бисера“, исполнет со креативни литературни и ликовни творби и постигања на учениците на тема: „Обои го детското срце“, а со единствена порака за подигнување на свеста кај ученици, родителите, наставници и пошироката заедница за прифаќање на децата со посебни потреби. Од собраните средства од продажбата ќе се купат дидактички материјали за училницата.
„Целта ни е да реконструираме дел од училишниот објект со преадаптација во Инклузивна училница. Потребни се градежни зафати за санирање на ѕидовите и молерисување, промена на подот, изградба на тоалет за лица со инвалидитет... Потребно е и опремување на училницата со дидактички средства и материјали.
За обезбедување на финансиски средства или донирање на готов производ од горенаведените потреби се обративме до Општина Битола и до општествено одговорни компании во нашата локална заедница. Ја искажуваме нашата неизмерна благодарност кон компаниите кои прифатија да станаа дел од нашата успешна приказна во создавање топло и пријатно место за непречен и среќен раст и развој на децата.“, вели директорката на ОУ "Елпида Караманди", Татјана Дамчевска