▫️
Хуманитарен базар се одржа денеска во организација на Форумот на жени на СДСМ Битола во рамки на акцијата Розов Октомври, месецот за борба против рак на дојка и подигнувањето на свеста кај жените за навремено откривање.
-Хуманоста, солидарноста и помагањето се социјалдемократски, но, пред сè човечки вредности. Да помагаме секогаш кога можеме, во рамки на можностите, велат од Форумот на жени
Собраните средства ќе бидат донирани на оние на коишто им се најпотребни.