2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден 11 ноември 1943 г е формиран НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“

Ноември 11, 2017

Во 1943 г. во селото Винени, Леринско, Егејски дел на Македонија, е формиран НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ БАТАЛЈОН „СТИВ НАУМОВ“.

Бил формиран од делови на Битолскиот партизански одред "Гоце Делчев" и Партизанскиот одред "Даме Груев". Штабот на баталјонот при формирањето бил составен од: командант и заменик-командант Васко Карангелевски, политички-комесар Ѓоре Велковски-Коста, заменик-политички комесар Илија Спировски-Панде.

Веднаш по формирањето водел борби против бугарските гранични единици во Преспанско, а потоа преминал во Дебарца на 4 декември 1943 г., каде што $ се приклучил на Првата македонско-косовска бригада во походот кон Меглен како нејзин петти баталјон.

При реорганизацијата на воените единици (јануари 1944), заедно со Баталјонот "Христо Ботев" влегол во Групата баталјони на ГШ на НОВ и ПОМ и заедно со Првата македонско-косовска бригада и Втората македонска бригада водел борба во Мрежичко и на подрачјето на Меглен, на пл. Кожув и пл. Пајак против германските и бугарските сили, кои ја обезбедувале комуникацијата Скопје-Солун (до крајот на јануари 1944).

Потоа Групата баталјони водела борби кај селото Коњско (Гевгелиско), во Мегленско и потоа зеле учество во Февруарскиот поход од 31 јануари до 25 февруари 1944 г. Подоцна баталјонот дејствувал во составот на Третата македонска бригада (крајот на февруари - крајот на август 1944), а потоа во составот на Седмата македонска бригада. - крајот на август 1944)

                                                                                                                                                                                                                           подготвил д-р Александар Литовски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани