АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утре на 14 ноември, по повод 73-от роденден, на сцената на Народниот театар од Битола, премиерно ќе биде поставена претставата „Крвави свадби“, од Федерико Гарсија Лорка.
- Разговарајќи како што подостоинствено да го приославиме роденденот на нашиот театар, дојдовме до идеа дека можеби можеме да направиме претстава за еден толку краток период од триесет дена. „Крвави свадби“ е едно од најпознатите и најпоставуваните дела на Лорка, кој го создал од една статија што ја прочитал во весник., рече Илина Чоревска, уметнички директор на Битолскиот народен театар.
Се работи за лирска љубовна трагедија, за љубовта и љубомората, за страста и крвната освета, за честа и традицијата. Ова претстава е преточена во денешницата и естетски е лишена од дескриптивно- наративни поставки. Играат 11 актери, а на сцената ја постави режисерот Љупчо Горгиевски.
-Оваа пиеса се занимава со слободата на личноста, наспроти општествените стеги. И колку поединецот може да промени од тие општествени околности, сепак ќе видиме дека во пиесата тоа малку тешко оди, рече режисерот Љупчо Ѓоргиевски.
Битолскиот народен театар е основан на 14 ноември 1944 година, со изведбата на претставата „Ѓоре Магарески“ , прва театарска претстава изведена на македонски јазик. Првите членови и основачи на Битолскиот театар се : Јорго Цаца, Вера Вучкова, Димче Стефановски, Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.