2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Книгата на Лијана Спировска гради мостови меѓу Македонија и Велика Британија

Ноември 15, 2017

На 362 страници преку слика и збор во книгата „Британскиот почесен кознулат –Битола“, почесната британска конзулка Лилјана Спировска создаде вредна хроника за пријателските врски кои преку Битола се изградија меѓу Македонија и Обединетото кралство Велика Британија.

Книгата чија промоција беше одржана на 4 Номеври, по повод Денот на ослободувањето на Битола, претставува сублимат на активности кои беа покренати во градот на конзулите во изминатите дваесет години, а ги поврзуваа македонската и британската култура, образование, економија и други сфери.  На промоцијата присуствуваа градоначалничката Наташа Петровска,  конзули, други дипломати, видни граѓани од општествениот живот и други битолчани пријатели на Велика Британија.

„Да се изработи една ваква книга беше навистина напорна работа. Токму затоа и на задната корица запишав ‘ако имате големи соништа, ако работите напорно, можете да постигнете многу во животот, тогаш вашите соништа ќе се остварат’. Почнав да ја пишувам во 2014 година и ете три години ја подготвував книгата. Во неа поместени се настани поврзани со Британскиот конзулат, написи во весници и списанија , бројни фотографии“, рече Спировска.  

Податоците објавени во книгата започнуваат од  4-ти Номеври 1997 година кога на нејзина иницијатива се формира огранокот на Македонко-британското здржение во Битола. Започнаа активностите на здружението, во кои членовите се претставија со програми на англиски и македонски јазик, а беа интерепретирани делови од Шекспир. Најголемиот идол на Спировска на кого во текот на годините ќе му посвети безброј настани и токму по Шекспир и неговите величенствени дела ќе остави печат со кој се годрее и препознава конзулска Битола.  Делата на Шекспир редовно се промовираа пред битолчани преку пригодни манифестации, на  кои беа интерпретирани на македонски и англиски јазик.

Се редеа и посети на Битола од страна на дипломати од Белград и Скопје со кои Лилјана воспостави контакт и оствари многу средби. Така на 9 јуни 1998 беше присутна на приемот во резуденцијата на британскиот амбасадор Марк Дикинсон по повод роденденот на кралицата Елизабета Втора во Скопје. Настанот доби во тежина зашто во таа пригода за првпат во  Македопнија присустуваше  член на кралското семејство, а тоа беше војвотката од Кент.  

Инаку Британскиот конзулатот беше отворен на 5 декември 2000 година. Тоа се случи по околу 150 години од првиот почесен конзулат на Британија во Битола отворен уште во 1852 година. Работата на Спировска беше повеќе од евидентна, постојано организираше средби, предавања, курсеви за изучување на англискиот јазик, симпозиуми, беше иницијатор за повеќе донации, а здружението беше повеќепати наградувано.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани