АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Воспитниот тим и родителите на децата згрижени во сите девет клона на градинката „Естреја Овадија Мара“ денеска со хуманитарен саем на домашно подготвена храна го одбележаа Светскиот ден на борба против гладот.
На штандови поставни на плоштадот „Магнолија“ беше изложена храната што ја подготвија родителите и вработените во градинките, а се продаваше по симболични цени. Собраните пари ќе бидат донирани на деца со ретки болести.
-Јавната општинска установа детска градинка „Естреја Овадија Мара“ денеска по вторпат организра хуманитарна акција по повод Светскиот ден за борба против гладот. Оваа акија не би била успешна доколку несебично и активно не се вклучеа родителите на згрижените дечиња и воспитниот тим од сите 9 објекти на нашата установа во подготовка на здрава храна. Собраните средства ќе бидат донирани на деца заболени од ретки болести, а се надевам дека и оваа година средствата ќе завршат во вистински раце и за час ќе ја намалиме болката на овие деца, рече директорката на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска
Покрај Светскиот на ден на борба против гладот, денеска градинките ги одбележаа и Денот на револуција во исхраната и Денот на здрава храна.
-Споивме три настани во еден, а покрај хуманитарната цел исто така намерата е да ги научиме децата како здраво да се хранат. На нашите штандови имаме здрава храна изработена од тиква, јаболко, праз, компир, зелка, морков, спанаќ итн, значи сите девет објекти се вклучени во подготовка на храна од различно овошје зеленчук, со цел да ги научиме децата од мали нозе како треба правилно да се хранат. Инаку и во нормативите и стандардатите на подготовка на храната во градинките се грижиме што повеќе да бидат зстапени здравите продукти кои се насочени од Министерство за труд и социјална политика, додаде Митревска.
Инаку, градинката „Естреја Овадија Мара“, втора година по ред организира ваква хуманитарна акциа каде средствата се наменети за децата забоелни од ретки болести