АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола започна комплетната реконструкција на спортската сала во ОУ „Д-р Трифун Пановски, која е првата училишна спортска сала изградена во битолските училишта.
Со градежните активности кои се во тек, ќе се изврши комплетна промена на таванот во салата, ќе биде поставен паркет, ќе се реконструираат ѕидовите, ќе бидат направени нови соблекувални, а комплетно ќе биде променета и состојбата во ходниците каде ќе бидат поставени плочки, а просторните услови ќе добијат целосно променет лик и услови адекватни за учениците.
Инвестицијата е над 900 илјади денари.
Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска и директорот на училиштето, Пеце Димовски, денес ги посетија изведувачите на градежните активности во спортската сала, притоа разговарајќи за динамиката со која се одвиваат работите.
За среќа на околу 300 ученици кои ја користат спортската сала во ова училиште, но и на голема радост и на наставниците кои држат часови во овој простор, за многу кратко време, досегашната слика на запуштеност и неуреденост, комплетно ќе биде променета.
Спортската сала во ОУ "Д-р Трифун Пановски" е изградена во 1956 година и досега во 63 годишното постоење ова е прва инвестиција во овој спортски објект