АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици по виолина од Државното музичко училиште во Битола освоија први награди на меѓународниот натпревар за камерна музика „КМК Кавадарци“, кој се одржа на 30 ноември во во Кавадарци.
Учениците беа под менторство на професорот по виолина Зоран Маневски. Во првиот состав кој настапи во возрасна категорија до 10 години настапија: Санела Шукриевска, Марко Крстевски, Теодора Блажевска и Андреа Нешковска кои изведоа композиции за 4 виолини од Ш. Данкла и Р. Шуман. Вториот состав кој беше во категорија за средношколци до 16 години возраст, настапија: Леонид Неде Гогов, Марија Ристовска и Галена Чавкоска кои отсвирија дела за три виолини од Ј. Хајдн и Ш. Данкла.
Првите места ги освоија во силна конкуренција од повеќе од 300 учесници од Македонија, Хрватска, Бугарија и Косово.