АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на пливачкиот клуб „Олимпик“ Битола, на Олимпискиот базен се одржува 19 Меѓународен натпревар. Учесници на натпреварот се младинци до 18 години од пливачките клубови од Македонија, Косово, Србија.
Оваа спортска манифестација се реализира со поддршка на неколку приватни спонзори, како и родителите на учесниците.
Инструкторот по пливање, основач на клубот „Олимпик“ и познат спортски работник Кире Марков, со голем ентузијазам го организира настанот по 19 пат.
Ваквите спортски манифестации уште еднаш го отвораат прашањето за потребата од затворен базен во Битола, каде младите ќе можат да тренираат и во зимски услови, со што ќе бидат поконкурентни со останатите натпреварувачи кои имаат подобри услови за подготовки