АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Паркот за деца и лица со посебни потреби лоциран кај градското Шеталиште, од денес е во надлежност на Општина Битола, а ќе го одржува ЈП „Комуналец“.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански Регион, го донираше Паркот на Општина Битола, а одлуката денеска беше изгласана на седница на Советот. Овој проект беше финансиран од Министерството за локлана самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во паркот има специјални реквизити произведени според современи стандарди, а целата е да се создаадт услови за инклузија на децата и лицата со посебн потреби и созадавње можности за нивна рекреација и социјализација.
Е.М.